11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Хан: ЕУ е загрижена од резултатите од референдумот во Турција – враќањето на смртната казна ќе значи крај на преговорите за членство во ЕУ

„Редефинирање на односите меѓу Европската унија и Турција“. Вакво нешто бара и сака еврокомесарот Јоханес Хан кој во интервју за ДПА, изјави дека е загрижен од резултатите од референдумот во Турција за проширување на овластувањата на претседателот од две причини.

„ЕУ ја има истата загриженост како Венецијанската комисија на Советот на Европа во однос на планираните измени во Уставот на Турција. И второ, референдумот доведе до длабоки поделби во турското општество. Ако планот за уставните измени биде спроведен до крај, тоа ќе значи дека земјата уште повеќе се одалечува од европските стандарди за поделба на власта и за независност на судството“, истака Хан.

Доколку се врати смртната казна во Турција, Хан нагласи дека тоа ќе биде крај на преговорите на Турција за членство во ЕУ.

поврзани објави

Последни објави