14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МБП: Годишнина од смртта на композиторот А. Морфов – Авторот на „Изгреј зора на слободата“

МБП со соопштение до јавноста по повод годишнина од смртта на композиторот Александар Морфов.

„На денешен ден пред 83 години, умира големиот бугарски композитор Александар Морфов. автор на маршот на македонските револуционери и првата химна на Република Македонија „Изгреј зора на слободата“,

Морфов е роден на 13 јануари 1880 година во Стара Загора. Завршува Бугарска унијатска гимназија во Едрене, каде учи музика. Потоа го завршува и Военото училиште во Софија и служи како офицер во артилеријата. Морфов учествува во двете балкански војни и во Првата светска војна. По 1922 година, ја напушта армијата и почнува активно да компонира. Основната цел на неговиот труд на полето на музиката е обновувањето на воената маршова песна. Стои позади идејата дека патриотските и позитивните маршове го зајакнуваат борбениот дух и ја зголемуваат силата на армијата. Автор е на околу 30 маршови песни: “Ние ќе победиме”, “Настанал е веќе боен час” ( “проштален марш”), “Изгреј, зора на слободата” (марш на македонските револуционери од ВМРО) и тн. Александар Морфов има разноврсни интереси – пишува стихови, има разни дела и како сликар, скулптор, дрворезбар и фотограф.

Маршот на македонските револуционери „Изгреј зора на слободата“ е напишан од Александар Морфов по нарачка на големиот македонски револуционер, водачот на ВМРО, Тодор Александров. Во периодот пред Втората светска војна „Изгреј зора на слободата“ е официјална химна на ВМРО а исто така и на МПО од нејзиното создавање во 1923 до денес. Има непотврдени информации дека поетот Кочо Рацин се обидел да ја препее химната на македонски јазик, непосредно пред да биде убиен во 1943 г.

Првото заседание на АСНОМ, што се одржало на 2 август 1944 година во манастирот “Св.Прохор Пчински”, се открива со химната на ВМРО “Изгреј зора на слободата”. Песната станува неофицијална химна на новоформираната Народна Република Македонија, до 1948 година, кога е забранета од комунистичките власти бидејќи е определена како бугарофилскa“, се вели во соопштението од МБП по повод годишнината од смртта на композиторот А. Морфов.

 

поврзани објави

Последни објави