8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Центар: Предност при уписите во градинките ќе имаат жителите на општина Центар

Од 25-ти април до 1-ви јуни ќе се врши упис на деца во трите градинки кои се на територијата на општина Центар: „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Корчагин“ .

За упис и за згрижување на децата постои огромен интерес во континуитет поради местоположбата и условите кои ги пружаат овие градинки.

По состанокот со директорите на трите градинки кај градоначалникот Андреј Жерновски, договорено е предност за аплицирање да имаат децата чии родители се жители на општина Центар. Доколку во предвидениот рок местата не бидат пополнети, тогаш ќе бидат запишувани деца од другите општини по утврдени критериуми.

По предлог на градоначалникот Жерновски, трета година значително се намалени трошоците на родителите за нивните деца, згрижени во градинките во општина Центар.

Општината, наместо родителите, органзира и ги финансира часови по физичко воспитување и англиски јазик во сите детски градинки на нејзина територија. Исто така, општината наместо родителите ги презема трошоците за набавка на средства за хигиена на децата, се вели во соопштението на општина Центар.

поврзани објави

Последни објави