Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган има план да изгради музеј посветен на неуспешниот обид за пуч минатата година.
Турското министерство за култура објави нацрт за градење на голем музеј кај Анкара во знак на сеќавање на неуспешниот пуч што се случи на 15. јули минатата година против претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.
Музејот ќе биде изграден во модерен стил на 10.000 квадратни метри во провинцијата Кахраманканзан во близина на Анкара.
Во музејот ќе бидат изложени привремени и постојани експонати „маченици и работници“ на 15 јули, а покрај тоа ќе бидат изградени и библиотека, кафич и продавници за сувенир.
Пучот избувна ноќта на 15 јули кога незадоволните воени офицери го покренаа неуспешниот обид да го симнат Ердоан од власт, бомбардирајќи ја од авион Анкара и гајѓајќи ги главните мостови во Истанбул.