-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГЕРБ и „Обединети патриоти“ утре ќе објават прв нацрт предлог на коалицискиот договор

Ја започнавме работата за коалициониот договор, немаме разминување во нашите ставови и гледишта по однос на темите за кои што разговаравме. Утре ќе го имаме првиот нацрт документ за коалицискиот договор. Додека не постигнеме целосна согласност за коалицискиот договор, немаме што повеќе да кажеме.

Ова денеска во изјава за бугарските медиуми го истакна Делјан Добрев од ГЕРБ и лидерот на „Атака“ Волен Сидеров по завршувањето на преговорите за формирање на влада, кои траеја повеќе од два часа.

„Денеска постигнавме значителен напредок. Се надеваме дека наредната недела се ќе биде во завршна фаза и ќе имаме конечна варијанта на документот“, истакна Добрев.

„Сето ова се прави со цел да имаме стабилна влада“, додаде Сидеров.

поврзани објави

Последни објави