5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

МПМ на оглас бара 55 новинари, со загарантирана плата од 20. 000 денари

Компанијата „Медиа принт Дооел“, која е фирма ќерка на МПМ што беше отворена неодамна објави оглас за вработување на 55 новинари, на определено време, со плата од 20.000 денари.

На Вработени во МПМ им стигнало известување дека оние кои се заинтересирани можат да се пријават на огласот за вработување во новата фирма. Лошата финансиска состојба во овие медиуми трае со години, а пред Нова година новинарите излегоа на штрајк поради неисплатени плати.

Синдикатот од трите весници ќе побара средба со менаџментот на МПМ, односно со Срѓан Керим за да им објасни што точно се случува со компанијата.

поврзани објави

Последни објави