11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба Ахмети-Тимоние

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска на средбата со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние истакнал дека ДУИ како победничка партија на Албанците даде поддршка на реформското парламентарно мнозинство за да се формира нова влада која ќе ја спроведува агендата и однапред утврдена програма од страна на меѓународната заедница преку строго спроведување на реформите во судството, заокружување Охридскиот договор, и на евро-атлантските интеграции.

Лидерот на ДУИ го информирал Тимоние дека ДУИ продолжила, и покрај сите чекори, со преземање дополнителни напори за решение и ги поканува особено двете македонски политички партии да се вклучат, без одлагање, и да се најде решение за остварување на очекувањата на граѓаните за мир, стабилност и безбедност, се наведува во соопштението.

„Секое доцнење претставува можност за противниците на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ да го прошират своето влијание и да го продлабочат јазот помеѓу граѓаните на нашата земја“, рекол Ахмети.

поврзани објави

Последни објави