7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Бојан Јовановски ни држи лекции по ХУМАНОСТ: За потребните средства за лекување на самохраната мајка Наташа ќе се погрижи лично тој!

По сторијата на Фокус за Наташа Николовска од Скопје, самохрана мајка на малиот Марио која побара помош од граѓаните, за да се избори со тешката болест, рак на желудник, денеска претседателот на Меѓународната асоцијација за човекови права, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 на својот профил на Фејсбук сподели дека тој веќе ја контактирал самохраната мајка Наташа, разговарал со неа и решил да и помогне.

Sega razgovarav so Natasa koja lavovski se bori za svojot zivot i za idninata na svoeto dete Mario…. Taa e posebna,…

Posted by Boki Jovanovski on Thursday, April 20, 2017

„Сега разговарав со Наташа која лавовски се бори за својот живот и за иднината на своето дете Марио.. таа е посебна, енергична, пријатна, таа е полна со живот. Наташа како и секој ден од заслужува живот, таа заслужува да биде победник и да биде со своето дете на кое му е потребна мајка, кога веќе го изгубило својот татко. Ова е тажна приказна која мора да има среќен крај. 

Наташа ми ја испрати жиро сметката за донации, средствата се потребни да се соберат во наредните 7 дена како Наташа би можела да ја почне таа Озон терапија со која би го победила канцерот!

Еве ја жиро сметката  200000243879720 – Наташа Николовска, Стопанска Банка АД – Скопје, кој колку може нека помогне! 

Јас и реков на Наташа да не се грижи, таа ќе ги има потребните средства да се излекува, што значи без оглед колку средства ќе се соберат од сите донации, за остатокот ќе се погрижам лично. 

За Наташа и нејзиното преслатко дете Марио, со љубов“.

поврзани објави

Последни објави