Снегот кој падна во обилни количини во текот на вчерашниот ден направи доста проблеми. Вистинска драма се случувало вчера над Скопје во планината Водно.
Имено по пријава во ЦУК и МВР дека на врв на Водно се заглавени пет малолетни деца и поради снегот не е возможно да се симнат и да се стигне до нив побарана е асистенција од страна на тимовите на Црвен Крст на Република Македонија.
https://www.facebook.com/100009807003628/videos/vb.100009807003628/390693954600835/?type=2&theater&__mref=message_bubble
Тим за спасување обучен за делување во вакви услови веднаш се упати на терен и покрај непроодниот терен успеал да стигне до врвот, да ги евакуира децата и безбедно да ги однесе до нивните домови.