11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Денес е Бадник – Ден пред Христовото раѓање

Бадник или Коледе, денот пред раѓањето на Исус Христос, денот пред вториот најголем христијански празник Божиќ, според христијанската традиција. Суштината на празникот е во радоста на христијаните, пред големиот ден – Христовото раѓање. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари.

Зборот Бадник, доаѓа од старословенскиот јазик, што значи да бидеш буден. Таа ноќ како што напишал еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби, Кузман Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.

Кога станува збор за обредните елементи сврзани со Бадниот ден и бадник, мора да се има в предвид дека тоа се комплексни обредни дејанија кои се случуваат во поголем број на денови пред Бадниот ден, но и по него и сврзани се со обележување на раѓањето на божество (новото Сонце – новата година). Самото најавување на доаѓање на новото божество започнува на Св. Игнат,од тој ден па се до Бадна вечер нашите предци палеле оган среде село и на врвовите на брдата за да го осветлат патот, како боѓеството не би го заобиколило нивното село. На ден пред Бадник се ритуално се обавувале подготовки за месење на обреден леб (се користело брашно кое тогаш се мелело од првиот страк на пченицата, кој што се нарекувал божја брада и се чувал поврзан со црвени конци) се одбира домашно животно кое ќе биде „жртвувано“ за Божиќ, како и опрема за сечачот на бадникот.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

поврзани објави

Последни објави