28-годишен Русин e приведен од германската полиција, под сомнеж дека е извршител на минатонеделниот напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд.
Весникот „Билд“ објави дека приведениот е осомничен дека учествувал во 20 убиства, а го привлекол вниманието на хотелскиот персонал во близина на експлозијата.
Германското обвинителство инцидентот го оцени како терористички напад. Се претпоставува дека Сергеј В. сакал да заработи пари.
Полицијата утврдила дека пред нападот тој преку интернет купил акции од Борусија Дортмунд за 78.000 евра. Со нападот сакал да предизвика пораст на вредноста на акциите и да заработи околу четири милиони евра.