6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

СДСМ: Блокадата на мнозинската волја повлекува сериозни дела против државните интереси и одговорност!

„Институциите, пратениците и политичките партии имаат обврска да ја спроведат мнозинската волја на граѓаните кои на 11 декември јасно се изјаснија за промени.

Блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата е погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста!

Тоа се сериозни дела против државните интереси и
секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност!

Велјаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Никола Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да си ги спасат личните богатства и интереси, на сметка на интересите на граѓаните и фирмите на кои им е загрозена егзистенцијата и тешко примаат плати. Ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски преседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем.

Затоа државата мора без одложување да профункционира! Демократските процеси е неоходно да продолжат!

Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани.

Тоа мнозинство е дожно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска Влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност.

Само новата Влада може ја заштити унитарноста на Македонија, да обезбеди правда и квалитетен живот за сите наспроти поделбите, изолацијата и економскиот крах и загрозувањето на мирот, кон што водат активностите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Промените се неизбежни. Македонија ќе биде модерна демократска европска држава, водена од одговорни личности и институции“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави