7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го оквалификува претседателот на СДСМ Зоран Заев како „заробеник на желба за власт подготвен да проголта секаква антидржавна изјава само за да направи влада“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, коалициските партнери на Заев од Алијанса за Албанците вчера уште еднаш потврдиле дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, односно дека ќе коалицираат заради исполнување на барањата од т.н „тиранската платформа“ со СДСМ.

„Заев не излезе и не го осуди својот иден коалициски партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати. Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на „тиранската платформа“. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи влада“, се вели во соопштението.

За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, се додава во соопштението, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

поврзани објави

Последни објави