4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Боки Јовановски: Заев, Богоев, Шекеринска, Спасовски ги донирале пратеничките плати за лекување на самохраната мајка Наташа!

Претседателот на Меѓународната асоцијација за човекови права, Бојан Јовановски на својот ФБ профил обзнани дека добил информација дека пратениците Зоран Заев, Стефан Богоев, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски се откажале од своите пратенички плати и парите ги донирале за лекувањето на самохраната мајка Наташа.

Јовановски во својот статус вели дека тие тоа го направиле без медиуми и без никаква политичка пропаганда.

Ovaa informacija koja sto ja dobiv sega e najdobroto nesto sto se slucilo vo Makedonskoto Sobranie od negovoto…

Posted by Boki Jovanovski on Friday, April 21, 2017

„Оваа информација која што ја добив сега е најдоброто нешто што се случило во Македонското Собрание од неговото постоење! Пратениците Зоран Заев, Стефан Богоев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и други од нивната коалиција се откажале од своите пратенички плати и парите ги донирале за лекувањето на Наташа! Тоа го направиле без медиуми и без никаква политичка пропаганда, секоја чест, алал вера! 
Ова се случува прв пат и нека служи за пример како треба да се однесуваат политичарите кои ги гласаме баш ние! 
Човечноста и солдарноста нека ни бидат пред се останато! 
За Наташа и Марио“, стои во ФБ статусот на Бојан Јовановски.

поврзани објави

Последни објави