fbpx
1.8 C
Skopje

Huawei P10 од денеска достапен и во Македонија

АКТУЕЛНО

Топ моделот на Huawei за 2017 година, P10 официјално почна да се продава на македонскиот пазар. Уредот дебитира денеска во продажната мрежа на мобилниот оператор Македонски Телеком и во синџирот продавници Neptun, а од почетокот на месец мај и кај мобилниот оператор ВИП и во малопродажниот синџир продавници на „Setec“. Во почетокот моделот ќе се нуди кај нас во 2 бои – Mystic Silver (мистично сребрена) и Graphite Black (графит црна).

P10 е усовршен од страна на Huawei со исклучителни технички и уметнички способности, кои го продолжуваат развојот на квалитетот на мобилната фотографија втора година по ред, наметнат од исклучителенниот минатогодишнен модел P9.

Новата двојна главна камера од Leica вградена во P10 (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предната 8 мегапикселна Leica камера за селфи слики, даваат нова димензија на портрет фотографиите направени со смартфон.

P10 поседува и други параметри кои го рангираат меѓу топ моделите на смартфони од висока класа за оваа година – прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -