10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Драматична предбадникова ноќ во ССМ

И додека синоќа сите погледи беа свртени кон случувањата со патишата и снегот, вистинска драма се случувало во зградата на ССМ (Сојузот на синдикатите на Македонија), каде физички бил нападнат В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Досега се уште непотврдени информации говорат дека неколкумина платеници физички ги нападнале В.д. претседателот Дарко Димовски и луѓето кои биле со него. За ова нема потврда до сега ниту од МВР.

Вчера во текот на денот, претставници од четирите синдикати заедно со дел од работници од целата држава ноќеваа пред ССМ, каде чекаа одлука за разрешување на Живко Митревски, претседателот на ССМ.

Иако била поднесена тужба до Управниот суд, од страна на синдикатите за разрешување на Митревски, оваа одлука била поништена од Министреството за труд и социјална политика, кои потврдија дека го понишлите решението со кое се тврди дека Митревски повеќе не е претседател.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави