11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јовановски: СДС мора да ја прифати волјата на народот

„Македонија нема да стане бинационална држава.

Македонскиот јазик ќе остане единствениот официјален јазик на цела територија кој е врзовно ткиво за граѓаните од сите етнички групи кои живеат во оваа земја.

Двојазични банкноти нема да се воведуваат, нема да има ниту промена на името, ниту промена на химната, грбот или знамето.

Народот на 11-ти декември не гласаше за реализирање на туѓи платформи, туку за просперитетна Македонија.

СДС мора да ја прифати волјата на народот.

СДС мора да престане да води антимакедонска политика и да се пазари со националните и државни интереси само и само да се добере на власт по секоја цена.

Граѓаните јасно кажуваат дека Тиранската Платформа врз која СДС сака да формира влада не смее да се реализира. Народот е против редефинирање и против разнебитување на Македонија. Народот е тој кој ќе спречи двојазичност, менување на химна, менување на знаме на име, народот е тој кој ќе спречи менување на мултиетнички карактер на Македонија и нејзино претворање во бинационална држава со тенденција за федерализација и кантонизација.

Тоа што аболицираниот криминалец Зоран Заев го ветувал дома, го ветувал надвор, не поминува кај граѓаните. На сите веќе им е јасно дека криминогеното раководство на СДС, еден ден ќе мора да одговара за ова. Од тоа нема да побегнат со правење на влада врз основа на Тиранската Платформа, а со сесрдна помош на нарко-мафијашките кланови, спротивно на волјата на народот и спротивно на интересите на Македонија.

Нека не се залажува аболицираниот криминалец Зоран Заев дека Еди Рама, Дитмир Бушати, Хашим Тачи, Зијадин Села и сите останати кои го негираат македонскиот идентитет, можат да го донесат на власт.

Нека не се залажува аболицираниот криминалец Зоран Заев ако тој е подготвен да свитка кичма, дека тоа ќе го стори и народот. Народот не витка кичма“, изјави Крсте Јовановски.

поврзани објави

Последни објави