Некогашниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај можно е да биде единствениот кандидат на опозицијата на евентуланите вонредни парламентарни избори во Косово, објавија косовските медиуми.
Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, во Колмар ја очекува одлуката на францускиот суд за тоа дали ќе биде ослободен и ќе се врати во Приштина или ќе биде екстрадиран во Србија. Одлуката треба да биде донесена на 27 април.
Србија го обвини Харадинај за извршување на воени злосторства.
Косовските медиуми јавија дека Инцијатива за Косово наводно уште од утре ќе започне со собирање на потписи за изгласување на недоверба за косовската Влада.