Францускиот политиколог Филип Моро Дефарж прогнозирајќи ја иднината на Турција, вели дека им претстојува граѓанска војна во Турција или убиство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Експерот од франуцскиот Институт за меѓународни односи, тој изјави дека членството на Турција во ЕУ е невозможно, дури и да има потпишан договор, бидејќи секоја од 27 членки мора да го одобри таквиот влез и договор за членство во ЕУ.
Според францускиот политиколог, приговорите и жалбите за резултатите од референдумот ќе бидат неплодни и ќе завршат со неуспех. Турција е во опструкција, последиците се или внатрешна војна, или, Ердоган да биде погубен, вели Моро Дефарж.
Турците во Франција ја оценија изјавата на политикологот како повик за извршување на кривично дело, а француските турци инсистираат Институтот за меѓународни односи јавно да упати извинување до јавноста во Турција.