8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

СДСМ: Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада

Нов Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада, порачаа денеска преку соопштение од СДСМ, информирајќи дека тоа е предвидено во нивната Програма и дека граѓаните на Македонија ќе добијат модерен и функционален Универзитетски клинички центар.

Од СДСМ обвинија дека доколку сакале од ВМРО-ДПМНЕ да биде изграден новиот Клинички центар, тоа ќе го реализирале со даденото ветување од 2012 година.

Според нив вистинската причина зошто нема нов Клинички центар досега, се неодговорните политики на министерот за здравство Никола Тодоров, за кој најавуваат преиспитување на неговото работењето вклучувајки го и, како што велат, скандалозниот, сомнителен тендер за Клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања.

поврзани објави

Последни објави