7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Лавров: Изразуваме подготвеност за нормализирање на односите со ЕУ

Шефот на руската дипломатија Сергеј лавров на средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, вели дека Русија планира целосно да ја обнови соработката со Европската Унија, најголемиот трговско-економски партнер на федерацијата.

„Повеќепати ја изразувавме принципиелната подготвеност за нормализирање на односите, со темпо што ќе биде прифатливо за ЕУ“, рече Лавров.

Тој и заблагодари на надворешнополитичката служба на ЕУ за изразите на сочуство, што беа упатени по повод неодамнешниот терористички напад во Санкт Петербург.

„ЕУ има интерес да соработува со Русија во борбата со тероризмот, каде двете страни имаат за решавање заеднички задачи, а, исто така, и да ја решат ситуацијата во Сирија и во Либија“, изјави Могерини.

поврзани објави

Последни објави