8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Шилегов: Тоа што на разлигавеното диктаторче не му се допаѓа изборниот резултат е проблем на Груевски

Петре Шилегов од СДСМ рече дека во многу брза иднина ќе има нов собраниски спикер и промена на власта. Тој не го соопшти начинот и датумот бидејќи не сакал конфликти.

„Она што се случува во моментов е лакардијата на која присуствувате и вие и ние, целокупната македонска јавност. Ова е игра да се блокира демократскиот процес, нешто што на крајот од денот ќе му се удри од глава на ВМРО-ДПМНЕ. Промени ќе има многу бргу, парламентарното мнозинство ќе ја превземе одговорноста, овој процес ќе биде деблокиран“, рече Петре Шилегов од СДСМ.

Тој додаде дека одговорност за ваквото поведение мора да има и друг вид одговорност за Никола Груевски како нарачател, за Трајко Вељаноски и Ѓорге Иванов како извршители на таквата нарачка, со која се доведува во прашање иднината на Република Македонија.

„Никола Груевски не заслужува ниту една гребнатина, а не жртва на народот. Позади оваа Баба Рога наречена платформа стои едно разлигавено диктаторче кое сака да избегне одговорност“, рече Шилегов.

За што би разговарале ние на лидерска средба и со кого би разговарале, рече Шилегов на новинарско прашање во однос на лидерска средба.

„Резултатите од изборите никој не ги оспори, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што на Никола Груевски, разлигавеното македонско диктаторче не му се допаѓа резултатот и дека нема да владее, тоа е проблем на Груевски. Не можеме ние заради неостварената негова желба да си играме избори, се додека нему не му се погоди парламентарното мнозинство“, истакна Шилегов.

 

поврзани објави

Последни објави