11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

СЈО влезе во „Македонски Телеком“

Специјалното јавно обвинителство влезе во операторот Телеком. Од СЈО четири пати не добија судски налог  за претрес за двете истраги кои се поврзани со масовното прислушување кое се одвивало од 2008 до 2015 година.

Од СЈО минатата недела потврдија дека се соочуваат со опструкции од претставниците на македонскиот државен капител во компанијата и од судот да не биде издаден налог за претрес.

Минатата недела медиумите објавија дека СЈО ќе има средба со членовите на Одборот на директори на македонски Телеком од Германија и Унгарија, но потоа истото беше демантирано од Македонски Телеком.

Засега нема официјални избори за денешната посета на специјалната јавна обвинителка во просториите на Телеком.

поврзани објави

Последни објави