2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Германски „Шпигел“: ЕУ планира санкции против Македонија, Меркел го предупредила Груевски да престане со блокадата

Земјите членки на ЕУ започнале со конкретни дискусии околу санкции против Македонија, објавува германскиот магазин Шпигел а пренесува Дојче веле на македонски јазик.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции, изјави еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“, пренесува Шпигел.

„Голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите-членки и на институциите поради долготрајниот политички ќорсокак во земјата“.

Од парламентарните избори во декември минатата година, политичките сили во земјата неуспешно се обидуваат да формираат нова влада. Иако социјалдемократите имаат мнозинство заедно со партиите на етничките Албанци, досега претседателот Ѓорге Иванов одбиваше да им даде мандат за формирање влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на Европските народни партии во Малта го предупредила поранешниот македонски премиер Никола Груевски да престане со блокадата на формирањето на новата влада“, пишува германскиот магазин.

поврзани објави

Последни објави