7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Каракачанов во седиштето на Бојко Борисов: Договорот ќе биде како Устав на нашето управување

Во структурата повторно има 4 вицепремиерски функции, појасни поранешниот министер за финансии.

“Во структурата на кабинетот” Борисов 3 “има повторно 4 вицепремеирски места на оваа функција, но не се завршени како ресор, има нови моменти поврзани со Европското претседателство.” Ова го изјави Владислав Горанов по средбата на ГЕРБ со “Обединети патриоти”, која се одржа во седиштето на партијата на Бојко Борисов .

„За министрите може да разговараме откако претседателот врачи мандат. Знам дека треба да зборуваме за имиња, но тоа нема да биде денес. Најверојатно ќе се случи наредната недела. Датумот четврти мај останува. Некои вицепремиери може да бидат и министри“, откри поранешниот министер за финансии во владата на „Борисов 2“.

Не сме делеле мислења. Најважен за нас е коалицискиот договор, додаде Красимир Каракачанов.

„Договорот ќе биде како устав на нашето управување. Најискрено и најчесно ви тврдам дека не сме разговарале за имиња. Во моментот има едно јасно име, а тоа е името на премиерот“, изјави лидерот на ВМРО.

поврзани објави

Последни објави