fbpx
23.8 C
Skopje

Остана ли Меси без заби по „Ел Класико“? (ВИДЕО+ФОТО)

АКТУЕЛНО

Состојбата на Лионел Меси по ударот со одбранбениот играч на Реал Мадрид Марсело, при победата на каталонците со 3:2, е една од најинтересни теми денеска на социјалните мрежи. Аргентинецот заработи удар во лицето при борба за топката и натпреварот го доигра со крвава уста.

Она што се зборува е дека устата на аргентинецот биле зашиена за време на полувремето. На социјалните мрежи се врти видео во кое на Меси како да му испаѓа заб од уста во тунелот пред второто полувреме, а некои пак споделуваат видео снимки за кои што тврдат дека му недостасуваат не еден, туку повеќе заби.

Следниот натпревар на Барселона е во Среда против Осасуна (20:30 часот) и е малку веројатно Меси да се справи со овој проблем пред тоа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -