Патрик Ворен (11) и Дејвид Спенсер (13) последен пат биле видени на 27 декември 1996 година на бензинска пумпа. Нивната последна трага останува кај трговскиот центар кој го посетиле. Во раните утрински часови, од тој ден, се водат како исчезнати.
Полицискиот службеник ги забележал двајцата пријатели како на 26 декември си играат во замрзнатото езеро и ги предупредил да се повлечат затоа што е опасно. Таа вечер Дејвид се вратил доцна во својот дом и ја известил својата мајка дека ќе отиде до куќата на својот пријател Патрик. Последен пат се видени на 27 декември на бензинска станица околу 00:45 часот. Минувач за последен пат ги забележал како се упатиле кон трговскиот центар во градот. Во раните утрински часови е пријавено исчезнувањето на двајцата млади пријатели.
Случајот беше третиран како и секое друго исчезнување. Полицијата извршила претрес на сите сомнителни места и објави информација во медиумите, нудејќи 500 фунти за корисни информации околу истрагата за пронаоѓање на исчезнатите деца.
За полесен тек на истрагата, сликите од исчезнатите момчиња беше ставена на секое шише млеко во продавниците. Полицајците се надеваа дека овој тип на пребарување ќе биде успешен и ќе помогне истрагата да се одвива многу побрзо.
Иако сликите на млекото стоеа на полиците во продавниците во текот на четири недели, немаше никакви информации за исчезнатите пријатели.
„Дејвид сакаше бокс. Не сакаше дисциплина и правила. Тој беше малку агресивен. Ако некој направи нешто лошо, тој ќе се вратеше кај него и ќе ја земеше правдата во свои раце“, вели неговата мајка, Кристин.
Марк Кауан, поранешен новинар во „Бирминген меил“ кој следел црна хроника од 15 годишна возраст, смета дека полицијата направила грешка во истрагата.
„Полицијата првично ги доживува како деца кои избегале од своите куќи и не ја менуваа таа своја позиција доволно рано во текот на истрагата“, рече Марк.
Црвениот велосипед на Патрик, кој го доби за Божиќ во 1996 година, е пронајден на 27. декември, зад една од бензинските станици во градот. Неколку недели беа потребни за полицијата да разбере дека тој велосипед е негов.
„Ако е во бегство, зошто би го фрлил својот велосипед. Тоа било поклон, најверојатно највредната работа која ја поседувал. Ако бегал, полесно е побрзо да избега со велосипед, отколку истиот да го остави“, додаде Марк.
Криминалистот Вилсон смета дека семејното потекло на момчињата влијаел на пристапот на полицијата кон истрагата.
https://www.youtube.com/watch?v=6cklP1N5uY0
„Да се работеше за две деца кои доаѓаат од средната класа, случајот ќе се третираше поинаку“, рече тој.
Неколку години подоцна, полицијата, овој случај го третираше како „двојно убиство без најдени тела“.
Полицијата ги испита сите педофили во тој регион, но резултатот беше ист. Родителите и по 20 години незнаат што се случило со нивните деца.
„Се помирив со фактот дека Дејвид е мртов, но секое утро се будам прашувајќи се што точно се случило со него и како тој починал. Мојата единствена желба е да се најде неговото тело, за да можеме да погребеме, да имам место на кое ќе можам да го посетувам“, рече братот на Дејвид, Ли О’Тул.