6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Хан бара од ЕК да понуди нов формат за Турција

Европската комисија ги повикува владите на земјите членки на ЕУ да размислат за промена во односите со Турција по референдумот во оваа земја, што го отвори патот за пошироки права на претседателот на земјата, пренесоа британските медиуми.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан,  од министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ побара на нивната средба на Малта, в петок, да размислат за нов формат на односи со Турција.

„Сегашната ситуација не е одржлива“, посочи Хан, според кого треба да се најде формула која ќе го намали взаемното незадоволство и ќе ја засили соработката.

Еврокомесарот додаде дека ја споделува загриженоста на Советот на Европа, според кого, уставните измени на Ердоган се „опасен чекор назад“ за турската демократија. Според него, меѓутоа, ЕУ може да ја засили соработката со Турција во областите надвор од членството во ЕУ, кои ќе бидат од корист за двете страни.

Комисијата ги разгледува можностите за проширување на спогодбите за царинска унија со Турција.

Хан истакна дека какви и да бидат односите меѓу ЕУ и Турција, вклучувајќи ги и економските, почитувањето на владеењето на законот ќе остане од суштинско значење

поврзани објави

Последни објави