Коце Трајановски, првиот човек на Град Скопје информираше дека со зимските служи е заедно на терен од почетокот на снежните врнежи и притоа истакна дека изминатата вечер фрлени се околу 180 тони сол на градските булевари и улици.
Во текот на ноќта екипите на зимската служба интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Како што се вели од кабинето на Трајановски, во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување