5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Димитриевски до Вељаноски: Го барам Никола Груевски, да седне во Собранието и да ни каже кој тоа ја измисли платформата која токму вас ве одржува во живот

Пратеникот од СДСМ Максим Димитриевски во своето обраќање до Вељаноски му порача дека е најодговорен за опструирањето на работата на Собранието, но и на Република Македонија. Тој рече дека ова што се случува е срамно и порача дека е време народото да си ја земе државата во свои раце.

„Koлега Вељаноски, доста беше. Време е народот да си ја земе државата во свои раце. Ова е срамно што го правите. Ќе се повикам на деловникот. Сите членови од деловникот свесно ги кршите. Колеги водиме непродуктивна дебата. Дебата која не ги решава проблемите на граѓаните во државата. Ние имаме обврска кон нив да ги решаваме, а вие колега Вељаноски сте најодговорниот тука за тоа“, рече Димитриевски.

„Го опструирате Собранието и Република Македонија во моментот. Прашање е дали утре, оваа влада на стаклени нозе може да исплати плата, субвенции и пензии. Вчера, војници, замислете, најсофистицираниот систем во државата кој го доведовте до дното на општеството, ќе загинеа во сообраќајна несреќа поради техничка неисправност на возило“, додаде Димитриевски.

Тој му се обрати на претседавачот Трајко Вељаноски дека свесно ја опструира работата на Собранието, со што спречувааат мирен трансфер на власта.

„Го барам тука Никола Груевски, да седне исто тука како што седи Зоран Заев, да не гледа во очи и да ни каже кој тоа ја смисли таа платформа, за која со денови говорите. Срамно е што истата платформа за која зборувате, токму вас ве одржува во живот на стаклени нозе, како власт. Ние нема да дозволиме вака да продолжи“, порача Димитриевски.

поврзани објави

Последни објави