Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе ја преиспита својата позиција за пристапување кон ЕУ, ако биде принудена да чека уште долго време за решение околу ова прашање, а исто така и ако се задржат сегашните непријателски чувства кај некои земји-членки на Унијата кон Турција. „Турција е подготвена да преговара за сите 35 поглавја. Подготвени сме да направиме сè што побараат од нас за време на преговорите. Ако тие не дејствуваат во согласност со општо прифатените норми, ние треба да бараме излез. Зошто треба да чекаме уште? Чекаме веќе 54 години. Велика Британија ги праша луѓето и тие гласаа за Brexit “, вели Ердоган за Reuters.
Тој додава дека е подготвен да го постави прашањето за пристапот на земјата во ЕУ на референдум.
„Една или две држави не можат да го одржуваат животот на ЕУ. Потребна ви е земја како Турција – земја која симболизира различна вера, нешто, што ќе ја направи Унијата многу силна многу силни. Земјите-членки на ЕУ, меѓутоа, изгледа не го разбираат тоа. За нив е многу тешко да прифатат една муслиманска земја како Турција “, вели Ердоган.