Американската армија почна со достава на деловите за противракетниот систем THAAD во Јужна Кореја. На поранешното голф игралиште во областа Сонџу, во јужниот дел на земјата пристигнаа шест камиони со опрема за системот.
Вашингтон и Сеул објавија на 7 март дека почнуваат распоредување на системот, поради заканата од режимот во Пјонгјанг, кој не се откажува од својата политика на провокации со ракетни тестирања.
Во меѓувреме Кина пушти по вода втор носач на авиони. Тој е кинеско производство, направен по прототип на советски воен брод. Кина го воведе на вооружување во морнарицата во 2012 година.