17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

Жбогар: Загрижувачки е фактот што во земјата нема ниту Влада, ниту пак оперативен Парламент кој функционира

Евроамбасадорт Семуел Жбогар кој денеска беше во посета на Штип изрази загриженост поради фактот дека земјата нема ниту Влада, ниту Парламент кој функционира. Евроамбасадорот смета дека дополнителен проблем во целата криза е мандатот на градоначалниците кој истекува на 15 мај и може да предизвика блокада на системот.

„Со градоначалникот разговаравме за политичката криза и ја споделивме нашата загриженост во врска со оваа политичка криза во вашата земја, поради самиот факт дека во земјата немаме ниту Влада ниту пак оперативен парламент кои што функционираат. Тоа што претставува посебна загриженост барем за нас, е дека се наближува датумот 15 – ти мај, датумот кога на градоначалниците и на општинските совети во самите општини, им истекува мандатот. Мислам дека не е наша задача да кажеме кои се начините за излез од сегашната политичка ситуација во вашата земја. Мислам дека тоа е задача на домашните политичари кои треба да изнајдат решение за излез од кризата“, изјави Жбогар.

поврзани објави

Последни објави