21.4 C
Skopje
Monday, May 19, 2025

Иванов ги затвора вратите за средба и со високиот претставник на САД, Хојт Ји

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, во понеделник доаѓа во Скопје каде што ќе оствари средба со лидерите на политичките партии, но не и со претседателот Иванов.

Ји доаѓа во земјава откако минатата недела, токму од Стејт департментот стигна порака до политичарите во земјата кои како што порачаа го блокираат процесот дека ќе одговараат, но и дека процесите мора да течат.

Во одговорот што американската амбасада го добила од кабинетот на претседателот Иванов се вели: „Поради претходно утврдени обврски, претседателот нема да може да оствари средба“.

Претходно, Иванов немаше време за средба ниту со евро-комесарот Јоханес Хан, кој пред само месец дена беше во Скопје. Инаку Иванов преку унгарски медиум повторно порача дека неговите ставови во однос на доделувањето на мандатот се непроменети, истакнувајќи дека не може да даде мандат на човек кој ја доведува во прашање независноста на државата.

поврзани објави

     

Последни објави