Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, наместо од Мексико, ќе побара средства од Конгресот, за исполнување на неговото ветување дадено во предизборната кампања, а тоа е градење на ѕид долж границата помеѓу САД и Мексико.
Екипата на Трамп, по долги дискусии решила овој проект да се финансира од американскиот буџет.
Републиканците во Конгресот и екипата на Трамп разгледуваат дали можат да го изградат ѕидот без да донесат нов закон за оваа цел, јавуваат американските медиуми.Според планот на администрацијата, може да се смета на постојните одредби што ја одобруваат градбата на прегради и распоредување технологија долж јужната граница.
Истовремено, екипата на Доналд Трамп, им даде две недели на политичките назначувања на досегашниот претседател Барак Обама да се повлечат од своите позиции.
Инагурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.
Се шпекулира дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја посети Русија веднаш после својата инагурација.