13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Богоев: Не е крај на светот ако криминалци како Груевски одат во затвор (ВИДЕО)

Претседателот на СДММ и пратеник од СДСМ, Стефан Богоев денеска од собраниската говорница ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ да овозможат одблокирање на Собранието и да престанат да бранат криминал, бидејќи како што рече, време е Македонија да оди напред.

„Пратениците се брукаат и читаат напишани реплики. Вие ги браните криминалците што всушност е најголемо велепредавство, на кое често се повикувате“, рече Стефан Богоев.

Тој им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко, Илија, Антонио, Даниела, Влатко како што рече, во име на земјоделците, стечајците, социјалните случаи, вработените во јавната администрација, пензионерите, ги повика да го одблокираат Собранието со цел да се обезбедат стабилни плати за административците, пензии за пензионерите, субвенции за земјоделците, да се запре егздоусот на млади.

„Читајќи однапред напишани реплики, вие браните криминалци. Барам како млад човек, како ваш сограѓанин, како ваш пријател, да го почитуваме деловникот. Не е крај на светот ако одите во опозиција. Не е крај на светот ако криминалци одат во затвор. Победник е оној кој што има мнозинство, вие сте должни да ни обезбедите на нас победниците да избереме претседател на Собранието“, рече Богоев.

https://www.facebook.com/stefanbogoevsdmm/posts/10209391652609808?pnref=story

поврзани објави

Последни објави