fbpx
-5.2 C
Skopje

Заев: Амнестија нема! Ние имаме оформено мнозинство кое ќе работи на зацврстување на унитарноста на Република Македонија

АКТУЕЛНО

„Демократските процеси не се лесна работа, бараат трпение, бараат посветеност и грижа за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта бидејќи сака да избега од одговорност. Бегање од одговорност нема – амнестија нема. Ќе се оди на суд толку често колку што има основани сомневања за кршење на законот. Законот мора да биде еднаков за сите. Правдата и правната држава повторно ќе владеат во Република Македонија. 

Лага е дека ќе се менува Уставот. Лага е дека Македонија ќе биде бинационална држава, дека ќе има федерализација и кантонизација. Лага е дека ќе се менува знаме, грб и химна на држвата. Лага е дека ќе има албански јазик во Штип, Кочани, Берово, Битола. Лага е дека ќе има казни ако не се учи албански јазик. Лага е дека македонскиот народ ќе биде прогласен за геноциден народ“, рече Заев.

Тој рече дека е точно дека ќе има закон за употреба на јазиците, во рамките на Уставот и  дека националистичкиот концепт на чиста Македонија нема иднина, единствена иднина има концептот „едно општество“ за сите.

„Она што беше прифатено од ВМРО-ДПМНЕ беше прифатено и од нас, секако прифативме плус, она што се однесуваше за СЈО. Точно е дека се што разговараме во рамките на Уставот, се што ќе работиме во иднина ќе биде во функција на зацврстување на унитарноста на Република Македонија.

Сето она што го правиме, секаков вид на криза на граѓаните им е преку глава, ние мораме да бидеме внимателни и претпазливи. Ние имаме оформено мнозинство. Кротко, полека ги најавуваме процесите, не сакаме насилство. Сега е 31 ден, колку уште да оставиме, месец, три, нема субвенции“, рече Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -