6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

СДСМ: Парламентарното мнозинство е народот, времето на мафијашките структури истече

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Антонијо Милошоски.

„Антонио Милошоски најмалку може да зборува од име на народот, затоа што тој додека ги убедувал граѓаните во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, знаел дека ги лаже и си барал спас во нотар.

И ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува во име на граѓаните, затоа што оваа партија има малцинска поддршка од 51 пратеник во Парламентот, наспроти поддршката од 700.000 граѓани преточена во парламентарното мнозинство од 67 пратеници.

Каков државен удар? Парламентарното мнозинство е власт во државата и ја презема одговорноста да ги носи одлуките за деблокада на демократските процеси, што ќе почне со избор на нов собраниски претседател. А тоа е само удар врз криминалните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Државен интерес на Република Македонија е што побрзо да се избере претседател на Собранието, а потоа и нова реформска Влада.

Предупредуваме да не помисли некој да постапува спротивно на Уставот и на државните интереси на Македонија. Тоа се тешки казниви дела за што се одговара!

Никола Груевски не е народот. Не е ниту Антонио Милошоски, ниту пак неговите криминални соработници.
Декларираното парламентарно мнозинство е народот.

Парламентарното мнозинство ќе ги заштити интересите на граѓаните и државата, од сите уцени и закани на криминалната власт во заминување, којашто од страв од правдата се обидува да го спречи трансферот на власта, којшто ќе се случи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави