-0.2 C
Skopje
Saturday, January 18, 2025

СДСМ: Се реализираше мнозинската волја на граѓаните, Македонија продолжува напред

Собранието на Република Македонија е одблокирано. Реализирана е мнозинската волја на граѓаните. Демократски формираното мнозинство во Парламентот го избра новиот претседател на Собранието. Демократските процеси продолжуваат и зад нив стојат најмалку 700.000 граѓани кои гласаа на кредибилните избори на 11 декември.

Ова е голем ден за демократијата на Македонија и голем чекор за демократските процеси во Република Македонија, што води кон квалитетен живот за сите и евро-атлантски перспективи на државата.

Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на никакви провокации.

Македонија оди напред“ се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави