3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Собранието на Црна Гора денеска го потврдува членството во НАТО

Собранието на Црна Гора денеска во Цетиње ќе одлучува за потврдување на членството на земјата во НАТО.

Извесно е дека за потврдување на оваа одлука ќе гласаат 46 пратеници, од вкупно 81, со оглед на тоа дека опозицијата ја бојкотира работата на црногорскиот Парламент уште од вонредните парламентрани избори, одржани на 16 октомври минатата година.

За потврдување на оваа одлука потребно е просто мнозинство.

Црногорските власти и опозицијата имаат различни ставови за тоа дали одлуката за членството на Црна Гора треба да биде донесена во Парламентот или на референдумот.

Опозицијата бара референдум, додека властите сметаат дека тоа не е потребно.

Поради тоа, за денеска во Цетиње е најавен протест на опозицијата против донесување на одлуката за членство во НАТО во Собранието.

поврзани објави

Последни објави