27.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

БСП сака бугарскиот парламент да излезе со заедничка декларација за Македонија

БСП предложи да се создаде заедничка декларација на парламентот во Бугарија за ситуацијата во Македонија.

„Вознемирени сме од настаните во Македонија, бидејќи истата може да се рефлектира врз националната безбедност на Бугарија. Нашата загриженост не може да ја искажуваме на социјалните мрежи, туку во бугарскиот парламент. Ова е местото каде што треба да се подготви општа национална одговорна позиција во заштита на националниот интерес на Бугарија.

Станува збор за нешто кое може да влијае на безбедноста на Бугарија, затоа очекувам сите пратеници да бидат согласни кога станува збор за националната безбедност на Бугарија, рече лидерот на БСП, Корнелиа Нинова.

Нинова предложи и текст за заедничката декларација на парламентот на Бугарија кој гласи „Парламентот на Бугарија изразува длабока загриженост од развојот на кризата во Македонија“. Физичкиот напад врз народните претставници во парламентот заслужува остра осуда. Насилството не може да биде начин за одлучување на политички спорови. Апелираме за мудрост и воздржување од конфликти, стои во предлог текстот за декларацијата од БСП.

поврзани објави

     

Последни објави