Лидерот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) и поранешен премиер Мило Ѓукановиќ порача дека Црна Гора неповратно е на патот кон европскиот квалитетен живот и сведоштво на тоа е она што денеска ќе се случи во Цетиње, кога Собранието ќе го изгласа пристапувањето на земјата во НАТО.
„Ние не пристапуваме во НАТО за да војуваме, туку спротивното. Кога пробаа да не вовлечат во војна со целиот свет, како во 1999 година, ние бевме мудри и кажавме дека тоа не е наша војна и дека станува збор за привната војна, поради зачувување на позицијата на политичките структури во Белград. Ние се спротивставивме на таквиот застршувачки интерес. Војната не е наш интерес. Ние сакаме да го усвоиме европскиот систем на вредности, а европските држави го сочинуваат столбот на НАТО“, нагласи Ѓукановиќ.
Ѓукановиќ синоќа зборуваше за фактот дека Црна Гора многу стабилно и динамично се движи кон нејзината цел.
„Можеме да бидеме задоволни бидејќи јасно покажавме дека оваа генерација која живее во Црна Гора има јасна визија, а тоа е да го преземе кормилото на нашата иднина во наши раце. Тоа го направивме со враќањето на државноста на Црна Гора, но тоа само по себе не е доволно. Ние сакавме незавиност со цел да го насочиме правецот на нашиот брод кон европската цел“, истакна лидерот на ДПС.
Ѓукановиќ наведе дека Црна Гора направила доволно долг чекор, со што денес со сигурност може да каже дека земјата не може да се враќа назад.
„Црна Гора е неповратно на патот кон европскиот квалитетен живот и сведоштво за тоа е она што ќе се случи во Цетиње кога Собранието ќе го изгласа простапувањето на Подгорица во НАТО“, наведе поранешниот црногорски премиер.