fbpx
-0.2 C
Skopje

Каракачанов: Бугарија е гарант за територијалниот интегритет и независноста на Македонија

АКТУЕЛНО

Позицијата на Бугарија треба да е јасна и категорична – „земјата треба да биде гарант за територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија“. Ова денес го изјави претседателот на “Обединети патриоти” и лидер на ВМРО во Буарија Красимир Каракачанов по повод немирите во Собранието на Македонија.

Каракачанов, смета дека виновници за сегашната ситуација ја имаат поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и како што вели тој, неговата „марионета“ претседателот Иванов и лидерот на опозицијата.

Според него, тие се подготвени да ја втурнат земјата во граѓанска војна, само за да да задржат власта во свои раце.

„Ситуацијата во Македонија е алармантна, не се согласувам со констатацијата на службите дека непосредна опасност за Бугарија нема, напротив – има“, изјави Красимир Каракачанов.

Се сеќавам кога беше најголемиот граѓански судир во Македонија во 2000-2001, имаше опасност односно во Бугарија можеа да влезат над 100. 000 албански беглаци, имаше притисоци да ги прифатиме, но тогашната влада одби, посочи тој. Секој граѓански конфликт или етнички судир во Македонија носи закана и ризик за целиот регион. Во Македонија се испреплетуваат интересите на неколку земји, истакна Каракачанов.

Според Каракачанов не е нормално внатрешните проблеми на еден суверена држава да бидат решени со документи потпишани во странска држава.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -