7.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

Ердоган: Посакуваме на братска Македонија да постигне мир и стабилност

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги опиша како алармантни настаните во Македонија, додавајќи дека насилството не може да биде излез од никаков проблем, соопшти приватната турска телевизија НТВ.

„Посакуваме на пријателската и братска Македонија што поскоро да постигне мир и стабилност“, изјави Ердоган во денешниот говор во Истанбул.

Во одделна изјава на претседателството на Турција се изразува „длабока загриженост” поради насилството во македонскиот парламент и се поттикнува создавање нова влада со почитување на демократските принципи.

 

поврзани објави

Последни објави