3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Иванов чека одговор за лидерска средба, Заев прашува: На клинички ли ќе ја правиме?

На клинички центар ли ќе ја правиме лидерската средба? Не ни размислувам да одам на лидерска средба, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за лидерската средба на која повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

„Иванов е еден од директните виновници за ваквата состојба, тој е дел од проблемот, не може да биде дел од решението на кризата. Ова беше дело на атак на уставниот поредок, рушење на се што е устав и закон. Очекувам оставка од Митко Чавков и нека бега подалеку, срамота. Неколку амбасадори ја посетија партијата, сите даваат поддршка на демократските процеси и не поддржуват во апелите за смиреност кон граѓани. Треба да демонстрираме свест и совест, тоа ни е должност спрема татковината и нашето семејство“, истакна Заев.

поврзани објави

Последни објави