fbpx
1.8 C
Skopje

Груевски: Ако сакал некој да го убие Заев, ќе го убиел

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју на ТОП ТЕМА рече дека доколку некој сакал да го убие претседателот на СДСМ, Зоран Заев можел да го убие, негирајќи дека во парламентот имало обид за негово убиство.

„Ниту сум повикал на насилство, ниту ќе повикувам, бев прв политичар што од Виена пуштив на социјалните мрежи да запре насилството. Прв реагирав. Предупредував дека состојбата може да ескалира, тоа често го правев. Се надевав дека ќе допре до Зоран Заев и до СДСМ. 

Ако сакаше некој да го убие Заев, ќе го убиеше. Сто души имаше на пет метра од него, ќе извадеа пиштол и ќе го убиеа. Јас сум против насилство, но апсурдна е изјавата на Заев, ако во салата имате сто луѓе и ако дошле со таква умисла, можеа тие да го убијат, рече Груевски.

Секогаш сум се трудел да најдам компромиси со меѓународната заедница, меѓутоа кога барале, сервирале нешто, за кое сум цврсто убеден дека не е добро помеѓу народот, сум се трудел да им го објаснам тоа. Јас сум избран од народот, а не од меѓународниот фактор. Не е во ред да бидеме држава во која врвните политичари ќе си земат здраво за готово дека се што ќе им се каже од надвор, дека се мора да се исполни и превземе. Не. Многу пати мора да ги убедиме дека ние сме во право. 

ВМРО нема антиалбанска реторика, најдете една реторика во која зборуваме лошо за Албанците. Нема антиалбанско во нашата реторика, јас жалам за Зијадин Села, но да не заборавиме чија реторика ги разгоруваше масите во минатите недели? Кој зборуваше дека Македонците немаат корен?

Не може правото да важи за едно, а за друго да не важи. Што направивме ние во парламентот, ние водевме дебата. Па и тие имаа такви долги дискусии, и тие и ДУИ вадеа по илјадници амандмани за нешто кое за нив беше контроверзно. Тепање никогаш ниту сам потикнал, ниту сум оправдувал. Кој го натера народот да дојде во ваква ситуација, кој го разгневи? 

Јас се надевам дека ќе направам се што е во моја моќ, оваа ситуација да се реши. Груевски кажа дека не знаел кои се луѓето со качулките кои синоќа се однесуваа насилно во парламентот и дали се работи за екс затвореници. На прашањето на Чомовски дали прифаќа ТВ дуел со Заев, Груевски рече дека ќе се консултира со својот ПР тим, ќе размисли и тогаш ќе излезе со одговор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -