4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЦРМ: Најостро го осудуваме синоќешниот напад врз новинарите и медиумите

„Центарот за развој на медиуми најостро го осудува синоќешниот атак врз новинарите и медиумите во Собранието на РМ. Надлежните институции -МВР, Јавното обвинителство и судовите се должни ургентно да реагираат и да ги казнат виновниците кои дивееја пред очите на македонската и светската јавност.

Министерството за внатрешни работи, припадници на полицијата и други одговорни инситутуции, за жал, синоќа во парламентот наместо да ја гарантираат безбедноста на новинарите и да овозможат нивно непречено работење, со ненавременото постапување манифестираа соучесништво и заедништво со насилниците.

Неказнувањето на насилството врз новинарите во Македонија се повторува со години и станува правило кое ги штити и ги мотивира сите злонамерници, платеници и противници на објективноста, вистината и слободата на говорот.

ЦРМ ги повикува новинарите и медиумите да известуваат професионално и да бидат точни, коректни и да избегнуваат употреба на подбуцнувачки, хушкачки говор и да не поттикнуваат говор на омраза, да покажат општествена свест и одговорност со цел да не придонесуваат за дополнително вжештување на тензичната состојба“ се вели во реакцијата на Центарот за развој на медиуми.

поврзани објави

Последни објави