fbpx
33.8 C
Skopje

Заев: Чест и респект за Влатко Ѓорчев, тој рамо до рамо беше со нас

АКТУЕЛНО

Чест и респект за колегата Влатко Ѓорчев. Тој рамо до рамо беше со нас. Имаше удари по себе, принципиелно замолувајќи ги луѓето да престанат. Ве молам заради мене, ако не заради друго. Тоа е за почит, го признавам отворено пред целата јавност, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на Топ Тема.

Тој рече дека два часа биле затворени во прес центарот на Собранието и тој е изненаден од тоа како тие за толку кратко време успеале да стигнат до самите пратеници.

Тие луѓе буквално ги помагаа насилниците и им дадоа охрабрување. Тоа ја покажува грдата слика на Македонија. Колку се станало партија, а не држава. Но остана надеж дека не е се партија, имаше таму и професионалци. Имаше таму еден крупен човек, го познавам баш од овие здруженија. Еден крупен човек кој го знам. Тој стоеше до Влатко Ѓорчев, до моето обезбедување, до обезбедувањето на Спасовски, кој правеше кордон за наша заштита. Тој е човек пред се, за разлика од другите, рече Заев.

Претседателот на СДСМ истакна дека во прес центарот имало луѓе кои се психолошки нестабилни и како што ги нарече тој, „забегани“.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -