3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Додик не се откажува од идејата за независна Република Српска !

Во последното интервју кое го даде претседателот на Република Српска, Милорад Додик истакна дека примарна цел на него и неговата партија  СНСД(Сојузот на независни социалдемократи) е референдум и осамостојување на републиката, што може да се случи и 2018-та година.

Во пресрет на денот на формирањето на Република Српска 9ти Јануари, Додик истакна дека не се откажува од замислата за самостојност и одделување од БиХ.

,,Ако имаме шанса да одиме на референдум тоа и ќе го сториме, но ако нема услови ќе ги пролонгираме но нема да се откажеме од таа идеја”-вели Додик.

Тој исто така истакна дека денешната Босна е едно експериментално буниште на некој луѓе од меѓународната заедница.Исто така и ги повика сите во Република Српска што по масовно да учествуваат во  одбележувањето на 9ти Јануари.

,,Сакаме корисна БиХ, во оваа сигурно не сакаме и против тоа ќе се бориме.БиХ која би била потпора на нашиот развој не претставува никаков проблем.Исто така и ѓи поканувам сите во РС што по масовно да учествуваат во празнувањето на денот на форимирањето”.

поврзани објави

Последни објави