По средбите со лидерите на политичките партии и претседателот на државата, помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји даде своја изјава за медиумите. По изјавата, новинарите имаа право на прашања, при што новинарка на Сител го праша помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји дали американскиот претседател Доналд Трамп знае и ја одобрил неговата посета во Скопје, на што тој, заедно со Бејли се изнасмеа и одговори:
„Јас сум Хојт Ји, заменик помошник на државниот секретар и работам за Владата на САД и Владата на САД е сериозна организација и секој што прави во владата е со претходно знаење и дозвола од нашите надредени и нашите шефови, во нашата влада нема анархија“.
ВИДЕО: А1он